Одбојкарскиот репрезентативец Алексов е „Спортист на Штип“ за 2024 година
Повремениот македонски одбојкарски репрезентативец Стефан Алексов, синоќа беше прогласен за спортист на 2024 година на градот Штип. Алексов кој минатата година со ОК Штип УГД го направи најголемиот успех, освојувањето на Купот на Македонија, го освои признанието во конкуренција на повеќе номинирани македонски елитни спортисти.