Лазаров за чудото во Загреб: Французите не предвидоа ваква Хрватска и таму погрешија!

3

Хрватска после 16 години ќе игра финале, а последен пат беше против Франција и во Загреб. Тогаш најдобар стрелец на турнирот беше нашиот Кирил Лазаров. Најдобриот стрелец на модерната ера на ракометот и селектор на Македонија, која беше дел од овој шампионат за хрватскиот „Т-портал“ го коментираше мечот меѓу Франција и Хравтска.

„Едно е сигурно. Французите не предвидоа ваква Хрватска и таму погрешија. Тие се потпираа на индивидуалниот квалитет, но не го очекуваа ова. Не очекуваа таков тим. Победи тимот и победи заедништвото. Не знам кој ќе игра во финалето, Португалија или Данска, но едно знам – кој и да дојде, нема да му биде лесно вака против Хрватска“.

Makedonski