ВМРО-Народна: Бојкот на прескапите музички настапи на музичарите од поранешна Југославија

357

Економската комисија на ВМРО-Народна партија направи длабока анализа и притоа констатира дека во послендната година имаме драстично поскапување на музичките услуги, а со тоа како на концертните така и на билетите по дискотеките на сите музички групи од поранешна Југославија кои доаѓаат во нашата држава и притоа ги преполнуваат дискотеките и концертните сали.

Така на пример само за настап во дискотека на група или пејач поединец од бивша Југославија цената се движи околу 30.000 евра.

Затоа ВМРО-Народна партија предлага кон општиот бојкот на потрошувачите на македонските маркети да се додаде и бојкотот на сите овие настапи, со што на тој начин македонскиот потрошувач не само што ќе заштеди лично повеќе средства туку и ќе и помогне на македонската музика, а и на македонската економија во целина.

(интегрален текст од соопштение на ВМРО-Народна партија)

Makedonski