Градоначалникот на Струмица предлага сите функционери да се откажат од по 200 евра од платата
Неговото обраќање доаѓа по завчерашниот протестен марш против енормното загадување во Струмица што го организираа екологистите и препукувањата меѓу политичките партии за тоа кој е виновен за загадувањето во Општината.
Според струмичкиот градоначалник, во услови на ектремни цени, има реална можност да се прогласи економска криза, мерка со која би се замрзнале платите на функционерите.
„Да не бидам погрешно разбран и јас барам мојата плата да биде намалена. Со таквата мерка би биле опфатени над 2.000 функционери“, напиша Костадинов.
Тој додава дека живееме во време кога мора тие кои ја имаат честа од граѓаните да ги водат да се направи чекор со кој ќе скратат од себе си, а за бенефит на нацијата.
Според него, решението е едноставно и реално можно.