Осум дена молк како бојкотирач на македонски маркети и чкртач на ликот на Сиљановска стана директор на Комунална хигиена

5

Осум дена молк од Град Скопје предводен од градоначалничката Данела Арсовска за именувањето на новиот в.д. директор на Комунална хигиена, кој чкрта македонски кандидати за претседатели, ги поддржува УЧК и ДУИ, бојкотира „Кам“ и „Стокомак“. Нема негова биографија, ниту критериум за избор, ниту пак информација за тоа, зошто по петти пат, Арсовска менува директор.

На веб-страницата на „Комунална хигиена“ нема посебно соопштение за именување на нов вршител на дејноста директор. Таму само е направена една промена во делот „за нас“ односно во делот „директор“. Впишано е името на Рустеми. Детали за неговото образование, претходно работно искуство, како и вештини – нема.

На 29 јануари, токму вакви прашања поставивме до Град Скопје, но досега, како и вообичаено. не добивме одговор. Па така, зошто е направена смената, што згреил претходниот в.д. директор Јетон Незири, но и дали е точно дека новиот в.д. директор е ангажиран преку агенција во август минатата година – останува „тајна“.

На профилот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Сабахудин Рустеми има само две информации за неговата едукација и работа. Тој ставил дека завршил факултет на ФОН. Втората информација е дека е директор на Комунална хигиена, но датумот е згрешен – па така, стои дека на функцијата бил назначен во 2018 година.

Претходно исто така објавивме дека Рустеми доаѓа од Сарај. Куп од споделените објави му се за поддршка за Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Најмногу внимание привлекуваат неговите објави со пречкртаните лица на Стево Пендаровски и сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но и повикот за бојкот на двата маркети „Стокомак“ и „Кам“ од 2017 година.

Makedonski