Цели 12 години на чело на РФМ: Живко Мукаетов на ракометот му даде иднина и го направи спорт број еден во Македонија
✍ Марија Ковачева
Кога во 2013 година застана на чело на „куќата на ракометот“ заедно со генералниот секретар Филип Милошевски и нивните соработници, македонскиот ракомет се соочуваше со огромни предизвици – финансиски проблеми, неизвесност и отсуство на стабилност.