ПМФЛ: Работнички му гостува на Гостивар, Шкендија и Шкупи сакаат “три од три“

2

Попладнево од 14 часот на програмата се пет натпревари од 21.коло, претпоследно од вториот круг во тековната сезона во ПМФЛ. Вчера Вардар на Арената во Скопје одигра 0:0 со Беса.

Во ова коло имаме две дербија. Првото е во Кратово каде Силекс го дочекува тимот на Струга ТЛ, а второто се игра на Маџари каде Гостивар како домаќин ќе го дочека Работнички.

Оваа средба ќе биде екстра значајна и за двете екипи. Кој ќе победи и натаму ќе и биде зад петиците на Шкендија, поразениот тим и тоа како ќе се ги намали шансите во битката за тронот.

Тетовци, кои имаат две победи во првите два меча, го дочекуваат Тиквеш и ако одиграат како што треба, тогаш јасно е дека кавадарчани ќе се имаат големи проблеми. Сепак Тиквеш знае да одигра најдобро против најдобрите и под Шара се е можно.

Makedonski