Бекам го подготвува омиленото јадење само кога Викторија не е дома!
Поранешен англиски фудбалер и актуелен претседател и косопственик на Интер Мајами, Дејвид Бекам беше гостин во подкастот „Табела 4“ на Рути. Во него тој откри повеќе детали од приватниот живот. Меѓу другото, тој кажа и кое јадење му е најголема слабост, а истото го подготвува само кога неговата сопруга Викторија е отсутна.