Андоновски: Ќе ги забраниме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

2

„Нашите граѓани се заразени од оваа пандемија, особено младите, особено тинејџерите кои што немаат наполнето 18 години и не можат да учествуваат во игрите на среќа кои што се организираат јавно во градовите, односно не е легално тоа да го прават па го наоѓаат овој онлајн начин, преку овие нелегални приредувачи на игри на среќа“, нагласи Андоновски.

Тој потенцираше дека проблемот е голем, бидејќи граѓаните ги користат своите лични картички и сите информации без проблем ги споделуваат со непознати сајтови, а потоа лесно можат да бидат искористувани.

Суштинскиот проблем тука е што се користат кредитни и дебитни картички на граѓаните, кои што не знаеме каде се испраќаат како податок, име, презиме и други информации од лична карта на граѓанинот, исто така не знаеме каде се испраќаат, појасни министерот за дигитална трансформација.

Тој дополни дека граѓаните во однос на овие онлајн коцкарници, самоволно ги даваат овие информации, па потоа многу често се измамени, односно се крадат пари од картичките.

„Со измените на Законот за електронски комуникации ќе ги забраниме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа во соработка со АЕК и граѓаните нема да можат да пристапуваат на овие сајтови“, дециден е Андоновски.

Андоновски на крајот заклучи дека имаат во план во иднина, доколку се формираат нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа, тие веднаш да бидат отстранети.

Makedonski