Младите кошаркари на меѓународното училиште „НОВА“ од Скопје апсолутни шампиони на европски меѓушколски турнир по седми пат
Уште еден спортски амбасадор од Македонија за кого нема да пронајдете помпезни вести и текстови, а веќе седма година пехарот за освоено прво место го носи во Скопје.
Младите кошаркари на Меѓународното училиште „НОВА“ од Скопје и оваа година на кошаркарскиот турнир организиран од страна на Асоцијацијата на училишта од Централна и Источна Европа што се одржа во Истанбул – Турција, а во конкуренција на кошаркари од седум меѓународни училишта од Европа по седми пат го освои првото место и победничкиот пехар го врати во Скопје.
Кошарката е повеќе од само игра – тоа е вистински тест за вештина, тимска работа и издржливост. Бара прецизност во шутирањето и ракувањето со топката, но исто така и способност да им верувате и да ги поддржувате своите соиграчи на двата краја на теренот.
Со без ниту еден загубен натпревар, исполнет со фер игра и освоени многу поени кошаркарите на „НОВА“ без никаков проблем успеаја да го одбранат епитетот на непобедлив тим кој од година во година само реди успеси.