Дерби во Кратово: Силекс VS Вардар и нов тренерски дуел Васоски – Седлоски!

2

Денеска во Кратово од 14 часот, во меч од 23.коло или прво во третиот круг сезонава во ПМФЛ, се игра дербито меѓу Силекс и Вардар. Ова е нивни 79. меѓусебен меч во историјата. Досега Силекс има само 20 победи, Вардар 39 а 19 завршиле без победник. Гол разликата е 78:113 во корист на скопските “црвено – црни“.

Ова е едно од најголемите ривалства во историјата на ПМФЛ, а се започна со она што се случуваше во средината на деведесетите години од минатиот век.

Толку за историјата, да се вратиме на сегашноста. А таа вели дека Силекс е во битка за титулата а Вардар посакува што побргу и дефинитивно да побегне од опасната зона. Ова е меч кој фановите на двата клуба со нетрпение го очекуваат, секој од свои причини.

Јасно е дека денеска во Кратово ќе се бие голема битка. Јасно е дека притисокот е на страната на домашните кои не смеат да си дозволат пораз, а доаѓа еден Вардар кој оваа пролет и тоа како игра добро, игра квалитетно и победува.

Makedonski