Женски марш во Скопје: „Смрт на фашизмот, слобода на жените“

3

„Ставам капак на домаќинлак“, „Смрт на фашизмот, слобода на жените“, „Системот е наменет да убива“, „Слобода од силеџиство“ – ова беа само дел од транспарентите со кои стотици претставнички на женски организации, дел од Платформата за родова еднаквост, но и активистки и граѓани, маршираа на Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

„Нека јадат ружи“ е слоганот под кој денеска беше истакната борбата за правата на жените.

„8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? Дали ружите ќе не спасат од сиромаштијата и силеџиството што ни ги окупираат јавните и приватните простори?“, прашаа организаторките на маршот.

Овој 8 Март беше одбележан со женски бојкот за слобода и автономија од силеџискиот систем. Маршот започна пред Универзалната сала, профолжи пред Владата, па преку плоштатод „Скендербег, финишираше во паркот „Жена борец“. Присутните за време на маршот извикуваа: „Жени, живот, слобода!“, „Доста од силеџиство!“, „Сакаме политичка, социјална и економска правда“, „Не ви чини правдата!“, „Не ви чини системот!“.

„Живееме во нехуман и неодржлив систем, заснован на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите, сегашноста и иднината. А во кризи, товарот паѓа на жената. Токму затоа, велиме – не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија”, беше истакнато на маршот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by META.MK (@meta_mk)

Жените во медиумите: Сензацијата носи кликови но ја задушува суштината

Makedonski