Од ЗНМ бараат итна и сериозна истрага за пожарот во телевизијата Коха од Тетово

2

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара итна и сериозна истрага за пожарот што го парализира сигналот на Телевизијата Коха во Тетово.

Колегите од телевизијата потврдуваат дека, поради овој инцидент, граѓаните останале без важни информации три дена, што е директен удар врз слободата на медиумите и информирањето во нашата земја.

Според информациите од колегите од телевизијата Kоха, пожарот започнал во трговскиот центар во Тетово каде се и просториите на телевиијата на 08.03.2025 година во саботата изминатиот виканд во попладневните часови каде е причинета поголема материјална штета.

Овој инцидент претставува директна закана за животите на новинарите и вработените во Телевизијата Коха. Од ЗНМ бараат од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итна и ефикасна истрага за да се утврдат причините  за пожарот, можните виновници и да се преземат мерки за спречување на вакви инциденти во иднина.

Безбедноста на новинарите е од најголема важност за  функционирање на демократијата. ЗНМ ќе продолжат да се борат за заштита на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија.

Makedonski