Пешевски пред Словенија: Пред полна сала имаме шанса не само да им отежниме, туку и да ги изненадиме!

2

Македонската ракометна репрезентација утре на домашен терен (СЦ „Борис Трајковски, 20 часот) го игра првиот дуел против Словенија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. Противникот е добар познат, иако во Скопје ќе допатува со променет состав и се соочува со бројни повредени играчи, сепак е фаворит против „црвено-жолтите“.

„Имаме голем респект кон Словенија, тоа е сериозна репрезентација која не пропушта големи првенства, редовен учесник и на Олимписки игри, имаа добар олимписки циклус. Тоа е тим со квалитетни играчи и според мене е во Топ 10 репрезентациите. Ќе биде двомеч во кој ќе ни се пружи убава шанса да се надигруваме со нив. Првиот меч, пред полна сала имаме шанса не само да им отежниме, зошто да не се надеваме и на позитивен резултат“, вели репрезентативниот пикер Жарко Пешевски.

Makedonski