СветЈакимовски го одигра најефикасниот меч во НЦАА лигата, Колорадо не успеа да го изненади првиот носител
Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски го доигра најефикасниот меч во НЦАА лигата, ама неговиот Колорадо не успеа да направи уште едно изненадување и претрепе пораз од Хјустон во четвртфиналето на БИГ-12 турнирот што се игра во Канзас Сити.
Јакимовски експлодираше на дуелот со првиот носител, беше најдобар играч на теренот со 25 поени, 8 скока и 4 украдени топки, меѓутоа немаше соодветна поддршка од соиграчите да се шокираат Кугарс кои на крајот триумфираа со 77:68.
Андреј имаше одлични настапи на турнирот против TCU (Ти-Си-Ју) и Вест Вирџинија.
Останува да се види кој ќе биде следниот чекор на момчето од Крива Паланка, односно каде ќе ја продолжи кариерата во наредната сезона.