Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот за 40 проценти
-Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај во којшто се сомничи за криминал тежок за 167 милиони евра за набавка на канцероген мазут за ТЕЦ Неготино, јавноста има право да знае дека стекнувањето, поточно зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Оваа постапка следеше откако врз основа на информации во јавноста, Антикорупциската комисија отвори постапка, а потоа и покрена иницијатива за кривично гонење.
Според јавно достапни информации компанијата Пуцко петрол со години наназад набавува различни производи како мазут, нафта, за многу градинки, училишта, болници, како и за различни државни институции.
Најголемиот скок на имотот на Пуцко петрол е во период на владеење на Зоран Заев, со влада во која министер за здравство е Венко Филипче.
Или, тоа е влада на ДУИ со малцински партнер СДС.