Незапаметена трагедија во Кочани, изгоре дискотека, над 50 жртви

82

(09:41)
Таравари: Во овие моменти по состанокот на кризниот штаб имаме 118 згрижени низ болниците во државата. Нема пациент кој не е примен и триажиран.


 

(09:16)

Тошковски: Пожарот е настанат од сценските пиротехнички средства. Во оваа трагедија официјално досега животот го загубиле 51 лице. Изразувам најискрено сочувство.


 

(08:50)
Според непотврдени информации од полицијата, има над 40 жртви претежно млади луѓе.


(08:24)
Во овие моменти засигурно се знае дека над триесет пациенти се примени на скопските клиники, од нив неколку се и во животна опасност, а за скоро сите се претпоставува дека станува збор за сериозни изгореници.


Утринава околу 03:00 часот се запали дискотеката „Pulse“ во Кочани. Во тие моменти се одржувал настап на музичката група „ДНК“ па сходно на тоа се претпоставува дека дискотеката била преполна со млади.

Колегите од Радио „Кочани“ известуваат дека има околу стотина сериозно повредени и за жал и жртви за кои во моментов не се кажува вистинската бројка.

Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнале против пожарни екипи од сите градови на околината, како и возила на медицински екипи.

Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ефекти во диското.

Во овие моменти министерот за внатрешни работи се наоѓа на лице место во Кочани и во секој момент се очекуваат повеќе информации за тоа што се случило утринава во дискотеката „Пулс“.

Македонски Радио Портал ќе ја следи ситуацијата од минута во минута

 

Makedonski