Вучиќ: Многу луѓе дојдоа од внатрешноста, не беше користен звучен топ туку анти-дрон пушка
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод денешниот протест во Белград изјави дека станува збор за голем собир, на кој присуствувал огромен број луѓе од внатрешноста на земјата, јавува српската ТВ Н1.
Според него, смиреноста на полицијата доцела до тоа да нема жртви или тешко повредени на протестот.
„Вкупно 56 лица се повредени, но никој не е во тешка состојба. Тоа е добра вест. Досега се уапсени 22 лица поради кривични дела поврзани со оштетување имот, напади врз полицијата и други лица“, изјави Вучиќ.
Според него, воените служби процениле дека на улиците имало 88.000 луѓе, додека полицијата изнесе бројка од 107.000, а разузнавачката агенција БИА објавила проценка помеѓу овие две бројки. Од друга страна, организацијата Архив на јавни собири процени дека на денешниот протест во Белград учествувале меѓу 275.000 и 325.000 луѓе.
Вучиќ, исто така, истакна дека било лажна вест оти бил употребен звучен топ, туку според него, станувало збор за „обична анти-дрон пушка“.
View this post on Instagram
Како што рече тој, околу 1.500 учесници на протестот биле во алкохолизирана состојба.
„Не сакавме да преземеме никакви мерки против нив за да покажеме дека дури ни палките не ги извадивме. Не користевме ни водени топови. Се трудиме да бидеме подемократски од оние што постојано ни држат лекции за демократијата“, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека сите кои предизвикале материјална штета – врз приватен имот, трактори и државен имот – ќе бидат санкционирани и ќе мора да ја надоместат штетата.
Вучиќ исто така откри дека уште во раните утрински часови дал предупредување до полицијата за можни инциденти. „Рано наутро, околу 2:30, му реков на директорот на полицијата да очекува напади помеѓу 7:00 и 8:30. Кога ќе падне мрак и кога ќе сфатат дека ништо од она што го замислувале не се случило“, изјави тој.
„Горд сум што 99% од студентите кои беа дел од блокадите не сакаа инциденти. Не мислам ништо добро за оние кои ја кршат слободата на движење, но сфатив дека речиси сите млади луѓе не сакаа да учествуваат во насилство. Тие вечерва, откако започнаа првите инциденти и по кавгите со опозициските активисти, го напуштија протестот велејќи дека тоа веќе не е нивен собир“, додаде Вучиќ.
Иако не даде детали и не објави докази, Вучиќ истакна дека било откриено оружје на локацијата во Абердарева улица.Тој исто така, рече дека српските власти веруваат оти има „скриен стан“ во центарот на Белград, во близина на Пионерскиот парк и Собранието, каде криминална група чувала оружје.
Според српскиот претседател, владејачките структури мора да ја разберат пораката што ја испраќа големиот број демонстранти. „Мораме да се промениме и да научиме многу нешта. Но, исто така, сигурен сум дека граѓаните на Србија не сакаат обоени револуции, не сакаат насилство, туку сакаат да ја менуваат власта преку избори“, рече тој.
Вучиќ истакна дека протестите главно биле поддржани од побогатите граѓани, забележувајќи дека „речиси немало сиромашни луѓе на овие протести“. „Треба да анализираме зошто токму богатите се побунија и да ги согледаме нашите грешки“, додаде Вучиќ.
Тој ги повика студентите сами да проценат дали нивните барања биле исполнети, без влијание од „лажни експертски групи“ и професори со политички амбиции.
— Arhiv javnih skupova (@javniskupovi) March 15, 2025
Денешниот протест, според Архивот на јавни собири, беше најголемиот во историјата на Србија. Протестот се одвиваше сосема мирно и без големи инциденти сè до последните две минути од молкот на Славија во чест на 15-те жртви од уривањето на настрешницата во Нови Сад.
По ова, студентите ги симнаа своите обележја и објавија дека тоа веќе не е нивен протест.
Прекинат масовниот протест во Белград по повеќе инциденти – бил искористен и звучен топ?