Пациентите кои се во многу тешка состојба ќе се лечат во соседството
Помеѓу 18 и 20 пациенти во многу тешка состојба ќе бидат пренесени на клиниките во Турција, Бугарија, Грција и Србија, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Засега се знае дека дел од пациентите ќе бидат сместени на клиниките во Белград, Софија и Варна каде веќе е пуштен авион од Бугарија за транспорт.
Да потсетиме, рано утринава околу 03:00 часот во страотен пожар кој ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а 155 лица се повредени од кои околу 20 со потешки повреди.