Девет јавни обвинители ја истражуваат катастрофата во Кочани

8

 

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат двајца  јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип, како и петмина јавни обвинители од ОЈО Скопје, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство.

„Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација. Увидот на лице место денеска продолжува“, соопштија оттаму.

Државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски, вчера во изјава за медиумите, на семејствата на жртвите и на повредените во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, им вети брза и целосна истрага во која ќе се утврди одговорност за несреќата.

Makedonski