Денеска регионален ден на жалост
По повод трагичниот настан во Кочани денеска во Република Бугарија, Република Србија и Република Босна и Херцеговина се прогласени за денови на жалост.
Владата на Македонија уште завчера донесе одлука да прогласи седумдневна жалост во државата, знамињата се на половина копје, а агенцијата за аудио и визуелни услуги донесе одлука и им препорача на медиумите да емитуваат сериозна музика во склад со новонастанатата ситуација како и да не се избрзува со објавување на непроверени информации се со цел да се пласираат точни и навремени вести без притоа да се крши текот на известување во однос на ситуацијата на денот и деновите што претстојат.