Во четврток ќе бидат погребани загинатите од пожарот во кочанската дискотека
Лицата кои го загубија животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе бидат погребани во четврток, ја информираше јавноста денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Точното време на погребите ќе биде дополнително објавено.
На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан заедно со уште неколку владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин.