Полицијата приведе двајца 18-годишници за палењето на огнометот во Скопје

2

Полицијата синоќа привела двајца 18-годишници од Скопје кои запалиле огномет на роденденска прослава, со што не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.

„На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот. Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ известуваат од МВР.

На социјалните мрежи се рeагира дека огнометите може да се подметнати со цел да се разгори меѓуетничка тензија.

 

извор: коха.мк
извор: коха.мк

 

Makedonski