Приведени тројца поранешни градоначалници на Кочани
Во овие моменти со екипи од ОЈО Кочани и МВР се реализира голема акција за апсење.
Како што дознаваме уапсени се тројца поранешни градоначалници на Кочани и тоа: Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов кој неодамна и поднесе оставка, сите како потенцијални осомничени за трагедијата во кочанската дискотека каде загинаа 59 лица.