Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад
Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови Сад. Ова го прави шеснаесетата жртва во несреќата.
Станува збор за Вукашин Црнчевиќ, млад тинејџер кој што утрово им подлегнал на повредите. Од Студентските движења испратија пораки на сочувство и тага до фамилијата и пријателите на младиот тинејџер кој што настрада во трагедијата.
На почетокот на ноември минатата година се урна настрешницата на тукушто реновираната железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Тоа предизвика масовни студентски протести против српската власт, кои сѐ уште траат и до ден денешен. На протестите им се приклучила стотици илјади граѓани на Србија кои бараат промени. Меѓу починатите во несреќата има и еден македонски граѓанин, научникот Васко Саздовски.
View this post on Instagram
Тројцата повредени во несреќата во Нови Сад сè уште се во животна опасност