Големо изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран во второто коло!

1

Третопласираниот тенисер во светот Карлос Алкараз е елиминиран во второто коло на Мастерсот во Мајами од Дејвид Гофин, кој победи со 5:7, 6:4, 6:3 по два часа и 17 минути. 55. рангираниот тенисер во светот го стави во тешка ситуација актуелниот победник на Ролан Гарос и Вимблдон.

Индијан Велс, кој го освои претходните две години, овојпат заврши во полуфиналето, а сега предвреме го заврши настапот на следниот мастерс во САД. Алкараз може да се утеши со фактот дека претстои сезоната на земјена подлога.

Makedonski