Илјадници млади порачаа „Системот е следен“
Во овие моменти по скопските улици оддекнува „Системот е следен“.
Илјадници граѓани и граѓанки, млади и возрасни со три-минутен молк на градскиот плоштад го започнаа мирниот протестен марш насловен како „системот е следен“.
Протестот го организира граѓанската иницијатива „Кој е следен“, а како што може да се види е и масовно поддржан.
Покрај пораките, учесниците на протестниот марш упатија и аплаузи од пред Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (стара градска болница) насочени кон како што и самите извикуваа „хероите“ – медицинските работници кои одиграа најважна улога за време на кочанската трагедија.
Маршот започна од градскиот плоштад преку Собранието на Р.С. Македонија до крајната цел – Владата на Македонија.