Истанбулскиот градоначалник oстанува во притвор поради обвиненија за мито и тероризам
Моќниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, остана во полициски притвор поради обвиненијата за мито и тероризмот, откако беше приведен во средата.
Имамоглу е главниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговото приведување доаѓа само неколку дена пред партијата да го именува за свој кандидат за претседателските избори во 2028 година.
Аналитичарите укажува на сериозна загриженост на инвеститорите дека потегот бил политички мотивиран. Водачот на главната турска опозициска партија, чиј член е и градоначалникот, се очекува да им се обрати на приврзаниците пред градското собрание на Истанбул денеска. Студентите исто така планираат демонстрации во градот.