Во 2000 година Македонија имала современ Центар за изгореници

521

После последната трагедија во Кочани каде по пожар во дискотека загинаа 59 лица, а 190 беа повредени се отвора прашањето зошто во Македонија нема Центар за изгореници.

Од 1971 до 2000 година постоел како дел од одделението за пластична и реконструктивна хирургија при тогашната Воена болница во Скопје, а се затвора поради отворање на приватен кардио-хируршки центар.

После меѓувладини разговори помеѓу тогашните влади на Македонија и Јапонија предводени од Љубчо Георгиевски и Јоширо Мори, јапонската Влада одлучува да донира средства за реновиорање и осовременување на медицинските центри во Скопје.

Основачот на современиот Центар за изгореници Др. Добрила Андоновска во гостувањето на „Аргумент плус“ (Телевизија 24) кажува дека реотворениот нов и современ Центар за изгореници ги имал најсовремените апарати за третирање на ваков вид повреди кај пациенти, апарати кои и денеска се дел од најсовремените центри во Бугарија како најблизок од овој тип.

Потребата од отворање на Центар за изгореници излегува токму поради ризикот од вакви типови на повреди кои што се секојдневни, мирнодопски како што и впрочем докажа последната трагедија во Кочани.

Дилеми за тоа дали денеска Македонија треба да има еден ваков центар начна директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски кој на една од пресконференциите изминатата недела истакна дека ниту е издржано ниту пак мала држава како Македонија може и треба да има Центар за изгореници, затоа што е мал обемот на повреди од тој тип на годишно ниво.

 

Makedonski