Нека му ја мисли Мбапе: Се појави ново видео на кое убаво се гледа што прави ѕвездата на Реал! (ВИДЕО)
По сите оние настани по мечот од ЛШ меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, УЕФА објави дека е покрената истрага за неколку играчи на “кралевите“, за тоа како тие некоректно и неспортски се однесувале кон домашните фанови на “Метрополитано“.
Мбапе беше посочен како се фаќа за меѓуножјето и тоа им го покажува на навивачите на Атлетико. Навистина неверојатно.
Во меѓувреме излезе ново видео на кое убаво се гледа што прави мега – ѕвездата на Реал, па така сега Килијан Мбапе нека му ја мисли.
Се разбира дека за вакви ексцеси казните и санкциите не се мали, иако обично се парични, но ајде да видиме што мисли Дисциплинската комисија УЕФА.