Бојан Миовски нема да биде во составот на Џирона за пресметката со Барса?
Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски е во одлична форма оваа сезона, тоа го покажа на двете квалификациски средби против Лихтенштајн и против Велс. За жал голгетерската серија нема да може да ја продолжи и во дресот на Џирона.
Информациите велат дека Миовски нема да може да му помогне на својот клуб, бидејќи напаѓачот се справува со непријатност во коленото по враќањето од репрезентативните обврски.