Mуслиманите денеска го слават празникот Рамазан Бајрам
Припадниците од исламска вероисповед денеска го празнуваат празникот Рамазан Бајрам. Овој празник го означи крајот на триесетдневниот пост од утро до мрак, во кој секој муслиман покрај од храната и пијалакот, се откажува и од лоши мисли и дела, посветувајќи се на молитва и на духовност. Рамазан, како еден од столбовите на исламот, е месец на добрина, милост, љубов и простување.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова испрати честитка по повод празникот, со пораки за сплотеност и благосостојба.
„Живееме во свет којшто е разбрануван од бурни геополитички поместувања, а ние сме кревки и ранливи во многу општествени сегменти. Пред нас се бројни предизвици и непредвидливи собитија. Да бидеме сплотени и обединети како заедница, како општество и како држава“, напиша претседателката Гордана Силјановска.