Кривична пријава за возач кој удри пешак на Партизанска

10

Шеесет и осумгодишна жена од Скопје била удрена од автомобил денес околу 16 часот на улицата Партизански одреди.

Таа е пренесена во Градската болница и констатирани и се тешки телесни повреди.

Од МВР информираа дека во неа удрило патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(26) од Скопје.

Известен е јавен обвинител и против В.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава.

Makedonski