Сојуз на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи: Општина Тетово и Билал Касами ги надминуваат сите граници на трпението на чесните граѓани.

188

Реакција на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Тетово:

Граѓаните кои живеејќи во Тетово секојдневно се соочени со низа горливи проблеми, сите игнорирани од Општината, се шокирани од упорноста со која се води опасен и штетен процес за промена на имињата на улиците и со право се прашуваат доколку толку упорна беше Општината во решавањето на комуналните проблеми ќе беше ли Тетово град на дивоградби, на кучиња скитници, високи сметки за ѓубрарина, а ѓубре по улиците, високи сметки за вода, а постојани рестрикции на вода, град во кој се распродава државното земјиште, а се штити сомнителниот приватен капитал, додека младите се гневни за украдените можности.

се вели во реакцијата.
Повикуваме повторно да се бојкотира сценариото на Касами за глумење на јавна дискусија во петок на 11.04.2025 година. Нека остане сам во срамот да прибира фашистички, балистички и терористички предлози за имињата на улици како минатиот пат.
Оваа реакција доаѓа после повикот на Општина Тетово за втора јавна дискусија по прашањето за менување на имињата на улиците низ Тетово.
Makedonski