Македонија, Албанија и Турција на грчката листа „безбедни трети земји“

10

Македонија веќе неколку години е вклучена на грчката листа со „безбедни трети земји“, а новата министерска одлука е издадена со промени и појаснувања што се однесуваат на Турција за одредени категории баратели на меѓународна заштита.

„Поконкретно, одлуката јасно го предвидува карактеризирањето на Турција како безбедна трета земја за барателите на меѓународна заштита кои по потекло се од Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сомалија. Паралелно, одлуката ќе овозможи итно отфрлање на барањата за азил на сите од горенаведените лица кои нелегално влегле во Грција од Турција и нивно враќање. Враќањето на оние кои нелегално престојуваат во земјава е клучен приоритет“, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција.

Makedonski