Отворен „Македонски културно-информативен центар“ во Белград
Со звуците на тетовскиот женски младински хор „Менада“ и многубројните гости, вечерва во Белград беше отворен првиот „Македонски културно-информативен центар“.
Според првиот претседател на МКИЦ, проф. Д-р. Васко Шутаров, културно-информативниот центар ќе биде место за промоција на македонската култура, уметност и традиција.
Прва програмска активност на МКИЦ е колективната поставка „Два конца парај“ на која свои дела ќе истакнат 24 уметници.
Овие автори се од порано познати на љубителите на уметноста. Тие претставуваат своевиден мост на поврзување помеѓу македонската и српска култура и уметност.
Во музичкиот дел свој настап имал и Младинскиот женски хор „Менада“ од Тетово под диригентска палка на маестро проф. Д-р. Ивица Зориќ кој во педесетминутната програма исполнил духовни нумери како и македонски евергрини.
Хорот долги години со гордост ја носи титулата „Амбасадор на македонското хорско пеење“ претставувајќи ја музичката култура на Македонија на најрепрезентативното ниво, на сите светски музички подиуми. Хорот постои од 1981 година и на својот репертоар има повеќе од 500 дела, ренесансна, класична и современа музика. Хорот го негува македонското фолклорно наследство чувајќи ја со песна духовната традиција. Во својот опус имаат и модерни обработки на евергрин композиции. Маестро Професор Д-р. Ивица Зориќ кој е и основач и диригент на хорот „Менада“ организирал повеќе од 1000 концерти на класична музика, а за долгогодишната успешна работа е наградуван со најзначајните државни награди.
објасни проф. Д-р. Васко Шутаров, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Белград.