Бомба експлодира во Атина

6

Во доцните ноќни часови на една од најпрометните улици во Атина поточно пред канцелариите на „Hellenic Train“ експлодирала бомба.

Претходно неколку грчки медиуми добиле дојави дека ќе се случи ваков напад.

За среќа нема информации за повредени и штети особено што локацијата каде експлодирала бомбата се наоѓа покрај хотели, ресторани и туристички објекти.

Се претпоставува дека нападот со бомба е наменет за компанијата „Hellenic Train“ затоа што во февруари 2023 година токму возовите на Hellenic Train се судрија и во несреќата загинаа 57 лица.

Несреќата предизвика стотици протести во Грција таа година.

Makedonski