Даниел Самарџиски: Општините треба да донесуваат превентивни, а не пост фестум решенија

88

Изминатиот четврток во просториите на Општина Аеродром се одржи педесет и петтата седница на Советот на Општината.

Покрај редовните активности на општинскиот совет предвидени беа и се поставуваа советнички прашања. Помеѓу прашањата беше и загриженоста околу пролетната дезинсекција и дератизација на Општина Аеродром, имајќи ги во предвид редовните проблеми со влекачи и глодари по улиците и парковите на о. Аеродром.

Советникот од ВМРО-Народна партија, Даниел Самарџиски упати прашање до в.д. градоначалникот Дејан Митески:

Дали има предвидено план и превземено активности за пролетна дезинсекција и дератизација и доколку нема би требало што побргу да се изработи таков, затоа што крајно време е сите работи што ги правиме да ги реализираме превентивно, а не пост фестум. Сега е време кога имаме големи дождови, многу вода, а имаме и наговестување за нагло зголемување на температурите па со тоа и појава на инсекти и глодари па и влечуги.

В.д. градоначалникот Дејан Митески кратко и нецелосно одговори на прашањето:

Да, веќе имаме склучено договор, само се чекаат погодни временски услови за реализација. Даден е налог за поставување на 3000 мамци во шахтите, со што ќе биде реализирана пролетната дератизација.

Помеѓу точките од дневниот ред се најдоа и предлог-одлука за техничка корекција на завршна сметка на буџетот на Општина Аеродром за 2024 година, предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основни училишта и детски градинки на територијата на Општина Аеродром, предлог-одлуки за утврдување бесправни објекти за кои може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација, предлог-одлука за формирање Комисија за процена на штета  настаната од природни непогоди и други несреќи.

Makedonski