Џо Бајден на првиот говор после поразот на изборите „Трамп прво пука, па нишани“
Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв јавен говор откако ја напушти Белата куќа. Тој остро го критикуваше Доналд Трамп за начинот на кој раководи со Управата за социјално осигурување и предупреди дека сегашната администрација уништува систем од кој зависат милиони Американци.
Трамп и неговите луѓе им пристапија на владините институции со идејата на Силиконската долина, ‘движете се брзо и скршете сè’. И тие кршат сè по ред“, рече Бајден пред публиката составена од адвокати и експерти кои работат на заштита на правата на лицата со посебни потреби. „Прво пукаат, а потоа нишанат“.
Трамп, исто така, најави „ремонт“ на системот за социјално осигурување, за кој многумина стравуваат дека може да ги скрати тешко стекнатите права на милиони Американци.
Бајден потсетил дека за време на неговиот мандат „Управата за социјално осигурување го подобрила својот систем против измами“ го скратил времето на чекање и го рационализирал системот за жалби.
Откако ја напуштил Белата куќа во јануари, 82-годишниот Бајден остана подалеку од очите на јавноста – беше виден во театар на Бродвеј, ресторани во Делавер и Џорџтаун и често патувајќи со возот на Амтрак помеѓу неговиот дом во Делавер и неговата канцеларија во Вашингтон.