ВЛЕН денеска на состанок ќе ја разгледува одлуката на Таравари

6

За денеска е закажан состанок на коалицијата „ВЛЕН“ кои треба да излезат со став по однос на вчерашната одлука на АА и Арбен Таравари самостојно да настапат на претстојните локални избори.

Вицепремиерот Изет Меџити кратко кажа дека по завршувањето на состанокот ќе ги соопшти сите детали кои денеска ќе бидат разгледани, а се однесуваат на вчерашната одлука на Алијансата за албанците.

Ова се случува откако претходно, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, соопшти дека неговата партија останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе настапи со сопствена листа на кандидати за советници.

Makedonski