Што порача Милојевиќ од Скопје: Би сакал да имаме регионална лига!

11

Минаа повеќе од три децении од распадот на бившата држава. Сепак сеуште, посебно спортските “врски“ останаа, но никако не се успеа, за разлика од некои други спортови, да се создаде регионална или екс – Ју лига. Имаше обиди, заговарања, имаше идеи, но еве сега сме 2025 година ништо од тоа.

По хуманитарниот меч со Вардар, стратегот на Ц. Звезда Владан Милојевиќ имаше своја порака од Скопје во врска со регионалната лига:

Мислам дека во потсвеста на сите нас е да се направи регионална лига. Таа и тоа како би била интересна за фановите, секако и за играчите и за клубовите од овие простори. Би сакал оваа идеја да се оствари, но јасно е дека има многу препреки кои треба да се надминат. Од друга страна како фудбалски човек секогаш сум за нешто што би донело до развој на фудбалот на овие простори“.

Makedonski