Тошковски во посета на Приштина: Следна фаза е имплементација на системот и на граничниот премин Јажинце-Глобочица
„Средбата беше за евалуација на имплементацијата на ‘One Stop Shop’ системот кој официјално беше пуштен минатата недела на граничниот премин ‘Блаце-Елез Хан’ како и за усогласување на идните чекори за дополнително зајакнување на прекуграничното поврзување“, рече Тошковски.
Следната фаза, додаваат, е имплементација на системот и на граничниот премин „Јажинце – Глобочица“, за кој, велат, треба да се реализира во следниот период.
„Следната фаза на оваа соработка е имплементација на системот и на граничниот премин ‘Јажинце-Глобочица’ кој треба да се реализира во следниот период. ‘One Stop Shop’ системот за патниците значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконски активности, а за нашите две држави тоа е ново поглавје на поврзаност со побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство“, вели Тошковски.
На средбата била разгледана и тековната соработка на двете министерства и полиции, како и можноста за нејзино унапредување во делот на размената на информации и борба со криминалот.