Кос за средбата со Радев: Можеме да се заштитиме од новите глобални предизвици, ако соседите се со нас
„Продуктивна средба со претседателот Радев за регионалните предизвици и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Во време на нови глобални безбедносни предизвици, можеме да ја заштитиме нашата слобода, нашата безбедност и нашиот просперитет само ако нашите соседи се со нас“, напиша Кос.
Освен средбата со Радев, еврокомесарката Кос учествуваше и на форумот „ЕУ го среќава Балканот“, во организација на Атлантскиот клуб од Бугарија и АЛДЕ-групацијата од Европскиот парламент, што се одржува во Софија.