Ангелов: Обединување на ДЗС и ЦУК по локалните избори

3

Во телевизиско гостување, Ангелов вечерва изјави дека треба да се променат 19 закони и дека е формирана работна група во Владата, предводена од вицепремиерот Љупчо Димовски ,која веќе работи на оваа проблематика.

„Се работи на спојување, односно би рекол формирање на нова институција која ќе ги обедини функциите на двете постојни. Разликата кај новата институција е тоа што таа би имала координациска и командна улога, бидејќи во овој момент ние како ЦУК координираме, но немаме командна улога“, рече Ангелов.

Очекува ова лето да бидат на располагање и трите „ер трактори“ за гаснење на пожари заедно со тројца пилоти, а за потпорниот ѕид што се урна кај Детската клиника во Скопје, рече дека е донесена одлука на Владата да се одвојат средства од буџетот за санирање.

„Состојбата е специфична, но јас сум оптимист. ДЗС е обезглавена, но Владата работи на изнаоѓање на решение. Убеден сум дека годината во текот на летото ќе ги имаме трите „ер трактори“ заедно со тројца пилоти“, рече Ангелов.

 

Makedonski