Честитка на Mицкоски до г.г. Стефан: Нека светлината на Воскресението биде водилка за изградба на праведно и хумано општество

3

„Во време на брзи општествени промени, технолошки напредок и глобален притисок врз традиционалните вредности, Владата останува посветена на заштитата на корените на нашето општество и на создавање услови во кои семејството, моралот, воспитувањето и духовноста ќе бидат зајакнати.
Живееме во тешки времиња на предизвици и искушенија, и сум целосно свесен дека многу наши граѓани ги мачат истите проблеми и грижи. Сакам да биде подвлечено дека ние, сите заедно мора да работиме за напредокот и благосостојбата на секој еден човек, и тој пат да обезбедиме иднина не е воопшто лесен, но јас сум цврсто и непоколебливо решен заедно да го изодиме до целта. Заедно да ги менуваме работите, да се бориме против несигурноста, против ударите кои треба да не поколебаат, и да застанеме позади вредностите во кои веруваме.
На тој пат вербата во Бог и грижата за ближниот не се само лична определба, туку темел на едно силно и одговорно општество.
Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество. Бог да ја чува Македонија. Христос Воскресе“, се вели во честитката на Мицкоски.

Makedonski