Зеленски: Прекинот на огнот е илузија, Русија ја напаѓа Украина и на Велигден

2

Русија се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, но во некои области, таа продолжува да прави обиди да напредува и да и нанесе загуби на Украина, напиша претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на мрежата Телеграм по извештајот на врховниот командант на вооружените сили Александар Сирскиј за ситуацијата на фронтот, пренесува Укринформ.

„Генерално, од Велигденското утро, можеме да констатираме дека руската армија се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, додека во некои области сè уште продолжуваат изолираните обиди да напредува и да и нанесе загуби на Украина“, пишува Зеленски.

Претседателот нагласи дека до утрово веќе имало 59 руски напади на пет различни правци на фронтот. Исто така, непријателот изврши десетици напади со беспилотни летала.

Тој додаде дека од 18 часот вчера до полноќ имало 387 гранатирања и 19 напади од страна на руските сили. Во тој период руските војници користеле беспилотни летала 290 пати.

„Русија мора целосно да ги исполни условите на прекинот на огнот. Предлогот на Украина за спроведување и продолжување на прекинот на огнот за 30 дена останува на маса. Ќе дејствуваме во согласност со фактичката ситуација на теренот“, заклучи претседателот.

Makedonski