Николоски по средбите во Лондон: Нов чекор во односите меѓу Македонија и Велика Британија

1

„Во ракми на дводневната посета на високо ниво на Велика Британија, денеска остварив средба со министерот за Европа и Северна Америка, Стивен Даути, на која разговаравме за односите помеѓу  Македонија и Великa Британија.
Заеднички констатиравме дека односите се на исклучително високо ниво и дека во следниот период тие ќе бидат на уште повисоко ниво. Заеднички разговаравме за економската и политичка соработка, при што утврдивме дека двете држави се блиски партнери во рамки на НАТО Алијансата, исто така дека Велика Британија е стратешки партнер на Македонија, а економски е партнер број два, односно имаме извоз од 2,5 милијарди евра, што е втор најголем извоз што го остварува Македонија во која било странска држава.
Разговаравме и во однос на политичките односи, разговаравме и за состојбите во Европа и војната во Украина и актуелните случувања. Разговаравме за се она што е предизвик и за Македонија и за Велика Британија и Европа и утврдивме дека политичките односи меѓу двете држави треба уште повеќе да растат.
Средбите ги продолжувам во Министерството за надворешни работи и можам да заклучам дека оваа дводневна посета на Велика Британија претставува еден нов чекор во подобрување на соработката меѓу Македонија и Велика Британија.
Велика Британија е членка на Советот за безбедност на ОН, една од петте најмоќни земји во светот, втора најмоќна земја во НАТО Алијансата и вакво партнерство со Велика Британија може да значи многу и политички и економски за Македонија. На Македонија и се потребни вакви пријатели и ќе продолжиме да работиме со нашите западни сојузници”, изјави вицепремиерот Николоски.

На средбата со Медлин Нокс, директор за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Николоски рече дека Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој. Како што истакнал Николоски, политичките и економските односи меѓу зeмјите од Западен Балкан се во постојан напредок, а Македонија има значајна улога за развојот на таквите односи,

„Мерките и политиките што ги реализира Владата се во насока на намалување на трговските бариери, зголемување на трговијата и конкурентноста на економиите во земјите од Западен Балкан“, додал тој.

Вицепремиерот Николоски уште еднаш го потенцирал стратешкото пријателство меѓу Македонија и Обединетото Кралство и подршката што и се овозможува на земјата кон нејзиниот развој.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата се разговарало и за зацврстување на економската соработка, можноста за нови инвестиции и соработка на двете земји во сектори од заеднички интерес.

Македонија и Обединетото Кралство негуваат добри пријателски односи, се согласија и двете страни, со заложба таквото партнерство да се зацврстува преку конкретни процеси и проекти. 

Makedonski