Љубчо Георгиевски: „Валандовскиот покољ“ – демистификација на великосрбскиот шовинизам и македонското виткање кичма пред него

229

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски повторно со фејсбук статус во однос на небулозите искажани на чествувањето организирано од страна на српските асоцијации во Македонија на како што велат  тие „Валандовскиот покољ“ од 1915 година.

Во фејсбук статусот се вели:
-“Валандовски покољ” – Самото име и наративот на србските говорници сугерираат дека ВМРО и македонскиот народ (бугарските терористи во нивните говори) околу валандовско-гевгелискиот-струмичкиот регион се геноцидни.
Игнорирање на историскиот настан од страна на македонската историја во титова Југославија поради братството и единството ни се удира од глава.
Сега џелатите се преставени за жртви, а жртвите за геноцидни.
Се е во организација на Бугарија!
Впрочем се е во оганизација на Македонија и ВМРО. Целта е да се осветат за претходните зверства и политички да ја присилат Бугарија да влезе во Првата светска војна, затоа што таа сеуште се колебала.
Убиените се ранети млади војници и кадети! А убијците се бугарски војници.
Вистината е дека имаме борба на регуларна окупаторска србска армија со револуционерна организација ВМРО и тоа со селските чети од регионот. Овој наратив е за да го сокријат срамот. Исто така го намалиле бројот на нивните жртви.
Акцијата е само на “бугарските крволоци”, а во реалноста македонските. – Акцијата е заедничка на македонскиот и турскиот народ. Во акцијата учествуваат и стотина турци. Дури србите прават обид првите обвиненија да ги префрлат на турците.
Организатор е Тодор Александров а тој е бугарин и затоа настанот може да го избришаме од македонската историја и да го направиме србска историја.  Организатори се Павел Шатев кој директно се договарал со Фуат Беј и Петар Чаулев познати левичари и позитивци во македонската историја. А еден од војводите е и Христо Делчев, брат на Гоце Делчев.
После акцијата следувала одмазда од србската армија во кои се палени и македонски и турски села и убивани македонци и турци.
Шест илјади селани пребегнале во Бугарија.
Валандовско востание е вистинското име кое треба да го користи македонскиот народ. Зато што по големината, жртвите и ослободувањето на Валандово, Пирава и Удово и репресите потоа, тоа е востание.

Makedonski