Скопските полицајци со „полни раце“ работа

16

Од билтенот на министерството за внатрешни работи може да се забележи дека полицијата на територијата на град Скопје имала „полни раце“ работа.
Од полицискиот билтен издвојуваме:

На 06.12.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во дом на Н.З.(40) од с.Бојане,скопско. При претресот се пронајдени и одземени 53 куршуми, дел од огнено оружје, две рачки од огнено оружје и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (07.12.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.12.2024 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.В.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.12.2024 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Б.(29) од Скопје и И.Б.(22) од нас.Илинден, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Makedonski