Ќоку: ВЛЕН ќе освои 76% од општините со албанско мнозинство

4

Претставникот на Самоопределување во рамките на коалицијата ВЛЕН и пратеник во Собранието, Беким Ќоку, во објава на социјалните мрежи порача дека на локалните избори, владеачката коалиција од повеќе партии ќе освои 76 проценти од општините со албанско мнозинство.

Ќоку ги наведува овие проценки според анкета чиј истражувач и извор не е наведен.

-Според последните анкети, на октомвриските општински избори, ВЛЕН победува во 76% од општините со албанско мнозинство. Истата анкета вели дека само 11% од граѓаните Албанци се за предвремени парламентарни избори. Промената продолжува со ВЛЕН. Да продолжиме напред!, стои во објавата на пратеникот.

На политичката сцена бранувања околу стабилноста на владината коалиција и комбинаторики за претстојните избори. Парламентарното мнозинство е стабилно без разлика на случувањата во коалицијата ВЛЕН– уверува собранискиот спикер Африм Гаши. Тој смирува и тврди нема простор за паника со турбуленции во владејачкото мнозинство.

Во однос на лидерите на политичките партии, последната анкета на јавното мислење спроведена од 20 март до 17 април која ја спроведе агенцијата Маркет вижн, на примерок од 1.200 испитаници, покажува дека премиерот Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците. На Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со 3,8%. Во албанскиот кампус и натаму најпопуларен политичар е Али Ахмети (6,2%). Од лидерите на партиите од коалицијата ВЛЕН, најголем рејтингот ужива Таравари.

Makedonski